English (United Kingdom)   Македонски (Macedonian)
Facebook MySpace Delicious Google Bookmarks RSS Feed 
Сабота 22 Фев 2020

Технички Факултет - Faculty of Technical Sciences

УКЛО Универзитет Св. Климент Охридски - UKLO University St. Climent Ohridski


Warning: Creating default object from empty value in /home/tfb/www/portal/modules/mod_ju_coolshow/helper.php on line 598

Warning: Creating default object from empty value in /home/tfb/www/portal/modules/mod_ju_coolshow/helper.php on line 598

Warning: Creating default object from empty value in /home/tfb/www/portal/modules/mod_ju_coolshow/helper.php on line 598

Warning: Creating default object from empty value in /home/tfb/www/portal/modules/mod_ju_coolshow/helper.php on line 598

Warning: Creating default object from empty value in /home/tfb/www/portal/modules/mod_ju_coolshow/helper.php on line 598

Warning: Creating default object from empty value in /home/tfb/www/portal/modules/mod_ju_coolshow/helper.php on line 598

УКЛО

Универзитетот “Св. Климент Охридски” - Битола 

УКЛО УКЛО

ТФБ

Технички факултет - Битола претставува еден од неопходните фактори во високо образование и секако потенцијална основа за побрз стопански развој на југозападниот регион, па и целата Република.    

ТФБ ТФБ
Електротехнички Отсек

Четиригодишни универзитетски студии:

Тригодишни стручни студии:

Техничкиот факултет во Битола континуирано ги следи промените во окружувањето и со своите активности се прилагодува кон барањата што произлегуваат од тие промени. Соочена со предизвикот да понуди актуелни, современи и квалитетни наставни програми, што воедно претставува и стратегиска цел, оваа високообразовна институција со децении успешно одговара на предизвиците на новата економија, а со тоа дава значаен придонес во развојот на Универзитетот "Св. Климент Охридски" – Битола.

Студиските програми по Електроенергетски системи и Електротехника, електроенергетика и електроника на електротехничкиот отсек се конципирани така да обезбедуваат стекнување на компентенции кои се општествено оправдани и корисни. Техничкиот факултет ги има дефинирано основните задачи и цели на образование на високо компететни кадри од областа на техниката. Студиските програми се во согласност со основните задачи и цели на Техничкиот факултет. 

Со реализација на вака концепираните студиски програми, се образуваат инженери кои имаат компетентност во европски и светски рамки.

Посебните цели на студиските програми се:

-         обезбедување на ефикасно едуцирање на инженери, чија стручност и знаење ќе одговара на потребите за развој во Република Македонија, поширокиот регион и Европа,

-         создавање на нови знаења во областа на електроенергетските системи преку спроведување на фундаментални, апликативни и развојни истражувања.

Пошироката цел на студиите е развивање на компатибилни студиски програми со Европскиот систем на високо образование, преку имплементација на Европскиот систем за пренос на кредити и преку користење на искуствата на други европски универзитети во однос на студиските програми.

Потребите и интересите за овие студии се дефинирани како:

-         Добивање најново, добро управувано знаење низ студиската програма според високи образовни меѓународно признати стандарди,

-         Подготвеност за пазарот на труд и за меѓуинституционална подвижност во рамките на земјата, во регионот и во странство,

-         Приближување кон Европскиот систем на високо образование,

Потребите и интересите на овие студии можат да се групираат како:

-         Одраз на промените во опкружувањето на национално, регионално и меѓународно ниво,

-         Поддршка на развојот на континуирани образовни програми,

-         Проширување на напорите за создавање најпрогресивни млади кадри во областа на Електроенергетските системи,

Потребите на општеството на национално ниво да има високо квалификувани и образовани човечки ресурси за решавање на проблемите во електроенергетиката, почнувајќи од локално, национално ниво, па сè до меѓународни организации кои се занимаваат со истата проблематика. 

 

Студии

Наставен кадар

ЗЕМАК

Веб: http://zemak.mk
Списание: http://zemak.mk/arhiva.html

Повици